Сигурност

Со Колектива можете да спиете мирно. Сите ваши трансакции и лични податоци се потполно безбедни.

Сите трансакции се одвиваат преку CaSys системот a и се шифрирани со последната верзија на SSL технологија за заштита.

Ние не ги читаме, запишуваме ниту пак ги чуваме вашите чувствителни информации. Тоа можете многу лесно да го проверите. Како? Секој пат кога купувате на Колектива ќе морате одново да ги запишувате сите ваши податоци. Што е доказ дека не се никаде запаметени.

Ако често купувате на Колектива ова брзо ќе ви здодее, но само така ќе бидете сигурни во безбедноста на вашите информации. Ова е уште едно ниво на сигурност што ви го овозможува Колектива.

Освен безбедноста на вашите податоци, се разбира ќе ве интересира да се осигурате во квалитетот на производот или услугата што ја купувате. Затоа ние соработуваме само со високо реномирани локални фирми. Ова се имиња за кои што сигурно веќе сте слушнале и кои можеби веќе сте посакале да ги посетите. Некои од нив се и понови имиња, каде по состанокот со нивните сопственици одлучивме дека ги исполнуваат сите потребни услови.

И воопшто не двоумете се да не контактирате во врска со било какви прашања што можеби ги имате. Ние само сакаме да ви удоволиме и ќе бидеме достапни во секое време да ги решиме евентуалните недоразбирања.