Логирај се на Kolektivа
Често поставувани прашања
Платежните картички, возачките дозволи, личните карти кои постојано стојат во вашиот паричник имаат свое значење и цел за користење. Па зошто да немате и Kolektiva картичка за попуст и еднаш да престанете да принтате ваучери
Се што треба да направите е да купите барем една понуда на Kolektiva да го пополните вашето име, презиме и адреса во вашиот профил. Штом ја добиете вашата картичка, ќе можете да ја користите во иднина за секое ваше купување.
Што е Kolektiva картичка
Kolektiva картичката е всушност идентификација за kolektiva корисниците, доказ дека сте купиле на Kolektiva како и замена за печатените ваучери.
Како можам да добијам Kolektiva картичка?
Многу едноставно. Купете понуда на Kolektiva пополнете ги потребните податоци на вашиот профил. Обележете на профилот дека сакате Kolektiva картичка и ние во најкраток можен рок ќе ви ја доставиме.
Колку долго треба да ја чекам картичката?
Kolektiva картичките се издаваат еднаш месечно, занчи картичката ќе ја добиете токму навреме за да го прославите вашиот прв Kolektiva месец.
Дали принтаните ваучери сеуште важат?
Се разбира дека важат. Ќе може да ги користите иако имате Kolektiva картичка, но сепак сметавме дека би било подобро доколку имате картичка за да спасиме некое дрво од безброј листови и тонери. Да тоа сме ние Еко-пријателски и штедливи експерти.
Што ако ја изгубам мојата картичка
Тогаш или јавете ни се на телефон или испратете ни e-mail и ние ќе ви испратиме нова но најбрз можен рок. Извинете но само првата картичка Ви е бесплатна, затоа ве молиме внимавајте на вашата картичка бидејќи таа ќе ве чини XX денари за секоја наредна која ќе ја побарате.
До тогаш ќе можете да користитие испечатени ваучери.
Како работи Kolektiva?
Секој ден Kolektiva ти нуди по една неверојатна понуда со примамлив попуст од 50% до 90% во најдобрите ресторани, барови, спа центри, фитнес центри и слично, или пак попуст на производ купен во однапред одредена продавница. На колектива ќе ги најдеш и најдобрите понуди за патувања, летувања, зимувања...
Дали сакате да дознаете повеќе?
Дали треба да се регистрирам?
Да. За да ги користите попустите на Kolektiva најпрво треба да се регистрирате на копчето „регистрирај се“ погоре. Регистрацијата е бесплатна и со неа креирате ваш профил на Kolektiva на кој понатаму ќе можете да ги следите сите ваши активности.
Дали треба да се регистрирам за да добивам известување од Kolektiva по e-mail?
Не, не е задолжително, но за постојано да бидете во тек со актуелните понуди, и да не се каете што сте пропуштиле нешто што ве интересира, само едноставно внесете го вашиот e-mail и ние постојано ќе ве известуваме на време.
Како да купам понуда?
Многу е лесно и едноставно логирајте се на страницата: кликате „КУПИ“ пред да истече времето за купување на понудата, ги внесувате сите ваши податоци, и стискате палци да се соберат доволно купувачи за да успее понудата. Е сега освен традиционалните методи за помагање на среќата како што се зајачки шепи, коњски потковици и детелинки со четири листа, можете да се обидете да информирате што поголем број на луѓе за неверојатната понуда кои ќе помогнат за нејзино успешно реализирање.
Откако се ќе биде успешно во вашиот профил во полето мои ваучери ќе ве чека вашиот ваучер за попуст. Истиот само испечатете го и приложете го во соодветната фирма. На ваучерот ќе ви бидат приложени сите потребни инструкции за тоа како да си го искористите попустот.
Што се случува ако Колектива не привлече доволен број на купувачи?
Уфф, па ништо. Само ќе мора да живеете со сознанието дека сте пропуштиле еден апсолутно неверојатен и неповторлив попуст. Резервираните пари ќе се рефундираат на вашиот профил или на сметката на која вие сакате да бидат префрлени.
За да не морате да го доживеете ова разочарување помогнете и на среќата и раскажете на сите за Kolektiva. Само така добивате поголеми шанси за поуспешна понуда следниот пат.
Дали Kolektiva ќе ми овозможи безбедна онлајн трансакција?
Се разбира. Дали сметате дека луѓето би купувале на Kolektiva доколку тоа не беше безбедно? Ако сакате повеќе да дознаете околку ова прочитајте ја полиста за “Сигурност” на нашата страна.
Како и кога го користам ваучерот?
Откако ќе истече рокот за купување, веќе следниот работен ден го добивате вашиот ваучер. Само испечатете го, почитувајте ги условите наведени на самата понуда и разменете го за соодветната услуга кога сакате. Внимавајте секоја понуда има рок на искористување од-до затоа Ве молиме почитувајте ги правилата во спротивно услугата за која имате уплатено може да не ви биде дадена од страна на Трговецот.
Ваучерот преземете го од вашиот кориснички профил.
Дали можам да подарам ваучер?
Се разбира дека може. Ваучер за мама, тато, баба, дедо, тета или било кој друг на кој ќе ви текне.
Дали може да спојувам повеќе ваучери?
Тоа зависи од самата понуда. Затоа пред да купувате прочитајте ги убаво уловите за користиње таму ќе можете да видите дали за одредена понуда може да се спојуваат повеќе ваучери.
Дали може да вратам ваучер?
Тоа зависи од самата понуда. Затоа пред да купувате прочитајте ги убаво уловите за користиње таму ќе можете да видите дали за одредена понуда може да се спојуваат повеќе ваучери.
Кликнете овде ако сакате да дознаете повеќе околу рефундирањето на средства.
Плаќање
На нашата страна можете да купите со платежна картичка или со уплатница
КУПУВАЊЕ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА
Кои информации треба да ги внесам за да можам да ја платам понудата?
Треба да ги пополните полињата: внесте го името на сопственикот на картичката, изберете тип на картичка, внесете број на картичката, CVV или CVC код, (код од 3 бројки кој се наоѓа на задната страна од картичката), одберете датум на истекување на валидноста на вашата картичка и толку.
Како да знам дека плаќањето е успешно
Ќе одите во вашиот профил во табот “Мои ваучери” и ако се било успешно вашиот ваучер ке се најде таму.
Плаќањето се врши само онлајн со платежни картички?
Не, имате можност за плаќање со уплатница. Кликнете на копчето КУПИ за да си резервирате ваучер со начин на плаќање уплатница. Потоа додека трае времето за купување на понудата уплатете во најблиската банка (ако уплатите во пошта ваучерот ќе ви биде активиран за повеќе од 3 дена). По уплатата, ќе може да го видите вашиот ваучер во вашиот профил.
Внимавајте на тајмерот. Доколку уплатата биде по завршување на понудата, нашиот систем нема да го генерира вашиот ваучер. Во таков случај ние ќе ви ги вратииме парите.
Со кои картички можам да купувам?
На Kolektiva можете да купувате MasterCard, Maestro или Visa cards.
Ги внесов сите потребни информации за наплата и ништо не се случи. Дали ќе ми бидат повлечени пари од сметка?
Посетете Мој Профил>Мои Ваучери како што е објаснето погоре. Ако ваучерот што се обидувате да го регистрирате не се појавува на оваа страница, тогаш вашата уплата била неуспешна и нема да ви биде наплатено од сметката.
КУПУВАЊЕ СО УПЛАТНИЦА
Имате и опција за плаќање со уплатница, за што по кликнување на копчето „КУПИ“, бирате начин на плаќање со уплатница, кликате постави нарачка и додека трае понудата на нашиот сајт ја уплаќате уплатницата.
Што откако ќе уплатам?
По уплатата, ќе треба да почекаме банката да ни ги префрли парите откако тао ќе биде се завршено ваучерот повторно го наоѓате во вашиот профил на Kolektiva во делот мои ваучери, но само откако кај нас ќе стигне информација за извршната трансакција од соодветната банка.
Каде да уплатам?
Уплатите е најубаво да ги вршите ги во банка бидејки така информацијата стигнува најбрзо до нас. Нема потреба да ни ја испраќате уплатницата, информација за трансакцијата кај нас ќе стигне од соодветната банка.
Пример за пополнување на уплатницата имате подолу. Во цел на дознака запишете го кодот на нарачката кој го добивате кога ќе ја поставите нарачката. Доколку купувате повеќе понуди, уплатете ги на една уплатница (за да заштедите на провизија ;)) со тоа што во цел на дознака ќе ги запишете кодовите на сите нарачки кои ги уплаќате и ќе ја уплатите целата сума.

Препорачај на пријател
Искористи го твојот уникатен линк за да ја препорачаш Kolektiva на твоите пријатели. Кога твојот пријател ќе ја прифати поканата, се регистрира и купи нешто на Kolektiva ти ќе добиеш кредит во вредност од 50 ден. Кредитот можеш да го користиш за купување на понудите на Kolektiva.
Пристапи на твојот профил на Kolektiva. Во делот „Препорачај на пријател“ ќе го најдеш твојот уникатен код за препорака. Копирај го кодот и испрати го на пријател преку е-mail или објави го на Facebook или Twitter, на форум или на било кое друго место. Секој што ќе кликне на твојот линк и преку него пристапи и се регистрира на Kolektiva, во рок од 72 часа по првиот клик, станува твој препорачан пријател. Ти добиваш 50 денари веднаш штом некој твој препорачан пријател купи понуда на Kolektiva за прв пат.
Како ќе знам колку пријатели ја прифатиле понудата?
Секогаш кога некој од пријателите ќе ја прифати понудата да се регистрира на Kolektiva и купи на Kolektiva во определениот рок, кај вас ќе се појави листа на препорачани пријатели, која ќе можете да ја следите на вашиот профил.
Кои пријатели можат да ми донесат кредит од препорака?
Оние пријатели кои прв пат ќе пристапат на Kolektiva во рок од 72 часа откако ќе им испратите покана
Оние кои веќе пристапиле и се регистрирале на Kolektiva, но првата уплата ќе ја направат дури откако ти ќе ги поканиш на Kolektiva
Дали можам да го изгубам кредитот кој сум го добил од препорака на пријатели?
Кредитот станува неважечки доколку пријателот кој си го поканил, подоцна прифати покана од друг пријател и после тоа купи понуда на Kolektiva.
Дали ќе добијам дополнителен кредит доколку се поканам себеси?
Сите препораки се проверуваат. Доколку се поканувате самите себеси или откриеме дека поканувате ваши лажни или дупли профили го задржуваме правото да не ви доделимекредит. Нефер однесување и креирање на повеќе профили за да се добие поголем кредит може да доведат до комплетно отстранување на вашиот профил од Kolektiva.
Дали можам кредитот од препорака на пријател да го заменам за пари?
Не. Кредитот од препорака на пријатели може единствено да се искористи за купување на понуди на Kolektiva. Не може да се замени за пари или други производи.
Kolektiva картичка за подарок
Картичките за подарок се идеални како изненадување за вашите најблиски. Доколку немаш платежна картичка, можеш да земеш картичка за подарок и за себе. Наполни го товјот профил на Kolektiva со парички.
Како можам да купак картичка за подарок?
Исто како и понудите, со кредитна картичка или со уплатница. Најмалата сума која можете да ја земете е 100 денари.
Како да ја искористам картичката за подарок?
Има две опции. Можеш да го внесеш кодот на картичката при купување на некоја понуда или да ги внесеш на твојот профил и да ги користиш во иднина за некоја понуда.
Што ако сумата на картичката ја надминува вредноста на понудата?
Остатокот останува на вашиот профил и подоцна може да го искористите повторно.
Може ли да вратам картичка за подарок?
За жал, не.
Kolektiva банкноти
Kolektiva банкноти се всушност вистински пари, но со различно име.
Можете да ги заработите преку “Препорачај на пријател, да ги добите преку картичката на подарок или со купување на истата. Вредноста на Kolektiva банкнотите е иста како и денарите 1Kolektiva банкнота = 1 денар
Можам ли да менувам Kolektiva банкноти во денари?
За жал, не. Kolektiva банкнотите се валидни само за mk.kolektiva.net за купување на понуди од самата страница.
Дали Kolektiva банкнотите имаат рок на искористување?
Не, тие се валидни се додека не ги потрошите.
Колку Kolektiva банкноти можам да имам на мојот профил?
Колку сакаш!
Купи ваучер на подарок
Дали токму денес Kolektiva нуди нешто за што вашите пријатели, роднини или партнери цел живот сoнуваат?
Изненадете ги и исполнете им ја желбата – поклонете им ваучер од Kolektiva. Сигурни сме дека дарежливоста ќе ви се врати со добрина, можеби и Вас некој ќе ви поклони ваучер од Kolektiva како благодарност што сте ги запознале со Kolektiva.
Како да купам ваучер на подарок?
На понудата која сакате да ја купите, веднаш под копчето “КУПИ” има помало копче “Купи на подарок”. Кликнете тука и веќе сте на половина пат.
Како да пишам за кого е ваучерот?
Ова е ваша желба. Веднаш штом стиснете “Купи на подарок”, се отвара формулар каде пишувате име кому го подарувате ваучерот, исто така можете и да му пишете порака како на пример “Среќен роденден”. Внимавајте штом еднаш внесете име кому го подарувате, подоцна нема да можете да го смените тоа име доколку се предомислите тој ваучер да го подарите на друг.
Како ваучерот ќе стигне до корисникот?
Штом биде комплетиран ваучерот или го печатите од вашиот профил па лично го подарувате или пак го испраќате по e-mail.
Не најдовде одговор на Вашето прашање?
Контактирајте не на info.mk@kolektiva.net и вашиот одговор ќе ви пристигне во најкраток можен рок.
Или пак можете да не контактирате на телефон (02) 3 109 539 од понеделник до петок од 09:00ч до 17:00ч.




