Услови за продажба
Услови за продажба на стока преку Интернет страниците mk.kolektiva.net.
Општо
1. Колектива овозможува и спроведува промотивна продажба на стока/услуги во име и за сметка на Трговецот преку Интернет страницата mk.kolektiva.net, на начин што Трговецот одобрува еднократен промотивен попуст на своите производи/услуги, доколку Колектива успее по пат на јавен повик, во определен временски период, да го собере барем минимално договорениот број на купувачи за тој производ/услуга.
2. Трговецот се обврзува договорениот промотивен производ/услуга на најквалитетен можен начин, почитувајќи ги стандардите за квалитет на еднаков начин, или обезбедувајќи повеќе од она што го применува во своето редовно работење со купувачите.
3. Колектива не е сопственик, ниту пак производите/услугите кои промотивно ги нуди се наоѓаат во нејзино владение, па според тоа не може да биде одговорна за потенцијалните недостатоци, или било какви други проблеми кои можат да настанат при користењето на услугите кои ги нуди.
4. За сите потенцијални проблеми поврзани со испораката или недостатоците на производите/услугите кои Трговецот ги дава, одговорен е исклучиво тој Трговец. Колектива на никаков начин не може да биде одговорна за било какви недостатоци на производите или услугите кои промотивно ги продава.
5. Сите Колектива Ваучери, испечатени од Колектива Интернет страниците, или било која web страница поврзана со друштвото Колектива (во понатамошниот текст–“Ваучери“) се промоциски Ваучери кои на Клиентите им се нудат под нивната номинална вредност, и кои се подложни на условите и правилата на друштвото КОЛЕКТИВА НЕТ ДООЕЛ, како и на правилата на ресторанот или трговецот кој учествува во промотивната акција.
6. Сопственик и издавач на специфичниот Ваучер за ресторани е тој ресторан. Сопственик и издавач на трговскиот Ваучер е тој трговец. Како сопственик и издавач на Ваучерот, ресторанот или трговецот се во целост одговорни за сите повреди, болести, штети, побарувања, одговорности и трошоци на корисниците, предизвикани во целост, или во било кој дел, со работата на ресторанот или трговецот, како и за било кој надомест на непобарана вредност на неискористениот Ваучер.
7.Сите специфични Ваучери за ресторани, како и трговските Ваучери се уплаќаат исклучиво во целост, и не можат да се уплаќаат постепено или на рати.




