Што ви нуди Kolektiva
Колектива има моќ да привлече стотици, дури илјадници нови потрошувачи кои постојано ќе влегуваат низ вашата врата. За разлика од традиционалниот маркетинг ние ви ГАРАНТИРАМЕ резултати кои ќе ја зголемат вашата видливост на пазарот, без никакви дополнителни трошоци.
Звучи премногу добро за да биде вистинито? Продолжете понатаму за да ја откриете фантастичната приказна за тоа како Колектива работи за вашиот бизнис.
Ги собираме потрошувачите на едно место
Секој ден обезбедуваме по една нова неверојатна понуда на www.mk.kolektiva.net на илјадници наши членови низ цела Мкедонија. Тие ја купуваат вашата понудата екслкузувно на нашиот веб сајт и ние го споделуваме профитот со вас. И ете така многу лесно нашите потрошувачи стануваат ваши потрошувачи!
Колектива ќе ви помогне да направите понуда која ќе помогне во проширувањето на вашиот бизнис! Нашиот начин на работа е побрз и поефективен од традиционалниот маркетинг.
Вашата понуда која ќе биде објавена на www.mk.kolektiva.net најчесто ќе трае еден ден, рок кој во зависност од взаемниот договор може да биде поголем. Се друго оставете на нас. Ние ќе работиме за да доведеме максимален број на купувачи кај вас со тоа што ќе :
- Креираме уникатна реклама на нашата високопосетена веб страница
- Ја разгласиме вашата понуда на илјадници наши претплатници
- Ги искористиме сите популарни on-line социјални мрежи за да спроведеме моќна и пред се уникатна и ефективна маркетинг кампања за вашата фирма.
Попустот важи и ќе треба да го овозможите само ако ние успееме да ви донесеме онолку клиенти колку што претходно сме ви ветиле со заеднички договор. Доколку договорената квота не е исполнета ВИ ГАРАНТИРАМЕ дека вашето учество е 100% бесплатно. Значи не губите ништо, само добивате бесплатна реклама на нашиот сајт и со наши средства.
Ви носиме потрошувачи
За сите активности сте веднаш известени, а заработените пари ќе ви бидат исплатени неколку дена по промоцијата. Всушност, вашата главна задача е да биде подготвени за големиот наплив на нови клиенти со испринтани ваучери од Колектива. Понудете им искуство поради кое секогаш ќе ве посетуваат!
Нивното одушевување е дел од нашата и вашата маркетинг стратегија, бидејќи ќе ви биде задоволство кога долго по истекот на понудата вашите потрошувачи ќе зборуваат за вас на кафе кај пријателите, на социјалните мрежи и на интернет.
Гарантираме резултати
Повеќето маркетинг кампањи (на пример, преку флаери, весници, радио и телевизија) бараат исплата однапред, без никаква гаранција за успех на кампањата. Колектива ви наплаќа само ако кампањата даде резултати. Ако понудата не ви го овозможи минималниот број на потрошувачи во договорениот рок, вие не ни плаќате ништо, а добивате бесплатна изложеност на www.mk.kolektiva.net и бесплатна маркетинг кампања.
Без ризик, без долгорочни обврски и дополнителни трошоци. Заедничка цел ни се задоволни клиенти. Ако сте вие успешни и ние сме успешни, што е двојно повеќе успех.
Со кого соработуваме?
Со многу македонски компании и претприемачи, кои се ангажирани во:
- Хотелиерство и угостителство
- Убавина, здравје и wellness
- Концерти, спортски и културни организатори и настани
- Одмор, рекреација и патување
- Образование
- Сервис и малопродожба
Наша цел е да создадеме максимално задоволни корисници на кои ќе им овозможиме совршено доживување, и поради тоа соработуваме само со компании кои ја споделуваат нашата страст за беспрекорен квалитет на услугите.




