Зошто Колектива?

Мотивирани корисници

Нашите регистрирани корисници се добри потрошувачи за било кој бизнис. Тие бараат нешто ново и возбудливо и ако вие им ги исполните очекувањата, не само што ќе станат ваши редовни потрошувачи, туку и ќе раскажат за вас насекаде. И по дома и по комшии и по форуми. Тие ќе донесат нови луѓе следниот пат и ќе го прошират зборот за вас и вашите услуги.

Поголема видливост

Имаме огромна дата база на e-mail адреси, и активни сме на сите социјални мрежи што гарантира дека вашето име и понуда ќе ја видат и прочитаат илјадници потенцијални корисници. И тоа нема само да поминат покрај неа на улица, таа ќе стигне во нивниот inbox, на нивниот ѕид на Facebook, на мобилен во порака или преку Twitter.

Промоција без ризик

Секоја маркетинг агенција ќе ви наплати за својата работа, дури и ако спроведе неуспешна кампања без никакви резултати. Колектива ќе ви наплати, но само за оние купувачи кои навистина ќе ја купат вашата услуга.

Ако ни се обратите со доверба, не губите ништо, а можете да добиете многу. Ако сте задоволни со постигнатите резултати, усреќете не и нас и препорачајте не на вашите колеги и пријатели. Знаете како велат: заедно сме посилни.